Flip Box Image

Подобрете го вашето здравје

Преземете одговорност за вашата благосостојба и тргнете на трансформативно патување - подобрете го вашето здравје за жив и енергичен живот!

Подобрете го вашето здравје

Flip Box Image

Науката над потта

Зачекорете во нова ера на фитнес револуција со ЕМС тренинг - каде што прецизноста и науката го редефинираат вашето вежбање, докажувајќи дека успехот е поврзан со стратегијата, а не само со потта!

Науката над потта

Flip Box Image

Исхрана

Дадете му квалитетно гориво на вашето тело, чекор по чекор со балансирана исхрана, бидејќи преку храната не само што ќе се чувствувате здрави и исполнети, туку и ќе напредувате.

Исхрана

Work smarter, not harder

20 минути во SpeedFit имаат подеднакво ист ефект како и 4 часа потење и вежбање во класична теретана. Независно дали сакате да изгубите телесна тежина, да ги зацврстите мускулите или да се опоравите после повреда, нашиот сертифициран тим ќе ја одбере најсоодветната програма за вас и вашите фитнес потреби.
Feature Box Image
Visit our studio
Feature Box Image
Work Out
Feature Box Image
Get fast result

Персонализирани тренинг планови со трансофрмациски резултати

ЕМС Тренинг сесии

Сите ние сонуваме за добро обликувано тело, без претходно да си нанесуваме стрес за истото. Денес стилот на живеење е исполнет со многу секојдневни обврски, но затоа SPEED FIT e тука да се погрижи за вас да бидете во добра форма, да постигнете добро држење на телото, неверојатна сила и виталност. Тимот на SPEED FIT ќе се прилагоди на вашите желби и потреби, со цел постигнување виден резултат за многу пократко време.

Консултации за исхрана

Многумина се одлучуваат за разни детокс диети, чаеви за слабеење, прескокнување на оброци, со цел постигнување брзи резултати за краток временски период, не знаејќи дека тоа доведува до нарушување на метаболичкиот систем. Затоа, ние како тим сме тука за вас да ве советуваме и да ви помогнеме како да стекнете здрави навики со редовни балансирани оброци, кои ќе ви помогнат да го подобрите целокупното здравје на долг рок.

Холистички пристап

Крајно време е да ги надминете фрустрациите, збунетоста и пречките со кои сте се соочувале на патот кон оптимална физичка кондиција. Заслужувате да живеете во хармонија со вашето тело и да живеете самоуверено во вашата кожа засекогаш. Откријте како да направите суштински промени за да ги премостите пречките од минатото што ве уназадуваат со години и како да ги спречите повторно да ве извадат од колосек во иднина. Поврзувањето на вашиот начин на размислување со вашите навики и животен стил е единствениот начин да се симнете од бесконечната трка за слабеење и да ги постигнете трајно вашите фитнес цели.

Зошто да нѐ изберете токму нас?

Feature Box Image

Изгубете килограми, а не време

За разлика од традиционалното вежбање, ЕМС ги таргетира мускулите директно и интензивно, што значи дека вашата 20 минутна сесија со нас е еднаква на 4 часовно потење во класична теретана. Резултатите кои се постигнуваат со ЕМС доаѓаат за многу побрз период отколку било кој друг конвенционален начин на тренинг, поради големиот број на мусклуни групи кои се активираат при секоја сесија.

Feature Box Image

Навежбај се и издефинирај се

Повеќето од нас немаат време ниту енергија да посетуваат теретани по неколку часови во текот на денот. Speed Fit располага со “miha bodytec” опрема која се фокусира на сите мускулни групи одеднаш, што значи дека можете да ги постигнете вашите фитнес цели за многу побрзо време. Досегашните научни студии покажуваат дека ЕМС тренинзите можат да продрат до 95% од сите влакна кои го чинат еден мускул, додека пак активацијата со традиционалното вежбање изнесува 60 до 70% од мусклулните влакна.

Feature Box Image

Намалете го целулитот

Преку функционален ЕМС тренинг, може да се насочат и одредени проблематични области на телото, вклучувајќи ги стомакот, бутовите и „љубовните рачки“ околку колковите. ЕМС исто така може да помогне да се намали појавата на целулит со подобрување на циркулацијата, отстранување на токсините, тонирање на мускулите и стимулирање на производството на колаген и протокот на крв во кожата.

Feature Box Image

Пост-бременост

Враќањето во форма по бременоста може да биде предизвик за многу жени. Speed Fit ви нуди безбеден и временски ефикасен начин да ги постигнете посакуваните резултати. Функционалниот ЕМС тренинг, може да ги таргетира сите проблематични области и да ги активира мускулите кои се тешко достапни при изведување на конвенционален тренинг.

Feature Box Image

Чувствувајте се неверојатно

Вежбањето нуди толку многу придобивки независно од губењето на тежината и развојот на мускулите. Како најважни се издвојуваат: намалување на стресот, зајакнување на имунолошкиот систем, подобрување на расположението и подобар сон, а редовната физичка активност и балансирана исхрана можат да ја подобрат вашата концентрација и меморија.

Нашите обучени тренери

Андреја Деолски

Васка Глигорјадис

Долговечност и Miha Bodytec - Ветувачка комбинација за здрав и долг живот

Во последниве години, концептот на „Долговечност“ добива сè поголемо внимание. Научници како д-р Дејвид Синклер, заедно со сè поголема заедница на поддржувачи, се фокусираат на целта за продолжување на животниот век – особено во здрава и витална состојба. Но што всушност стои зад овој тренд, и како Miha Bodytec се вклопува во овој концепт?

Долговечноста не значи само продолжување на животот; туку стремеж тој живот да се помине во здравје и виталност. Во заедницата на долговечноста постојат многу пристапи за постигнување на оваа цел, но три основни елементи генерално се сметаат за клучни: движење, исхрана и квалитетен сон. Различни мислители и научници даваат различна тежина на секоја од овие области, но едно е јасно: движењето е темелот, без кој другите мерки имаат ограничен ефект.

Движењето е најважната компонента на здравиот начин на живот. Тоа не само што ја подобрува физичката состојба, туку го поддржува и менталното здравје и емоционалната благосостојба. Со стареењето, мускулната маса се намалува, што води до опаѓање на способностите и зголемен ризик од повреди. Токму тука влегува Miha Bodytec.

Електростимулативниот тренинг (EMS) овозможува ефикасно активирање и зајакнување на мускулите, дури и кај луѓе со ограничено време или физички способности. EMS тренингот е еден од најефективните методи за спречување на губење на мускулна маса, одржување на подвижноста и таргетирање на постојните слабости.

Со користење на EMS, позитивните ефекти од движењето можат дополнително да се засилат. Градењето и одржувањето на мускулите е само дел од сликата. Терапијата исто така ја подобрува циркулацијата, го оптимизира метаболизмот и позитивно влијае на кардиоваскуларниот систем. Особено е важно што Miha Bodytec нуди метод со висока ефективност дури и за луѓе со ограничено време или физички ограничувања.

Системот Miha Bodytec е идеален за оние што сакаат да ги вклучат принципите на долговечност во своето секојдневие. Комбинацијата на движење и таргетирано градење на мускулите преку EMS тренинг не само што ја подобрува физичката подготвеност, туку придонесува и за целокупната благосостојба и помага во зголемување на квалитетот на животот со текот на годините.

EMS терапијата на Miha Bodytec е особено ефективна затоа што продира длабоко во мускулите дури и со пократка сесија. За само 20 минути по сесија, може да се постигнат исти резултати како и со традиционалните методи на тренинг кои обично бараат многу повеќе време. Ова го прави Miha Bodytec практично решение за зафатени луѓе кои сакаат активно да го унапредат своето здравје и долговечност.

Долговечноста не е само стремеж за долг живот; туку за живот исполнет со активност и здравје. Miha Bodytec нуди неверојатно ефективен начин за вклучување на движењето во секојдневието и со тоа уживање во позитивните ефекти што ги има врз здравјето и благосостојбата со текот на времето. Овој метод не само што помага да се зачува мускулната маса, туку и го подобрува квалитетот на животот низ годините.

Што треба да очекувате од SpeedFit

Speed Fit искуството започнува од моментот кога влегувате во нашата просторија. После пријавување за тренинг сесија, ви доделуваме професионална опрема и ве упатуваме во нашите соблекувални. Од моментот штом сте подготвени, нашите сертифицирани тренери ве подготвуваат за тренинг сесијата со облекување и прицврстување на вашиот ЕМС елек. Кога сте целосно опремени и подготвени време е за вежбање. Нашите тренери ве водат низ серија вежби посебно дизајнирани за да ги исполнат вашите цели и можности. ЕМС тренинг сесијата е создадена да работи низ 4 секундни интервали, низ кои во 4 секунди вашите мускули се контрахираат, па во наредните 4 секунди се опуштаат. Ги повторуваме овие контракции и опуштања во циклус со времетраење од 20 минути, и без да почувствувате посебен напор, сесијата е веќе завршена. Speed Fit студиото ви нуди најдобри хигиенски услови и позитивна тренинг атмосфера.

Контакт

Ул. Народен Фронт бр.19 А/Локал 10 Скопје
andrejadeolski@gmail.com
+389 070 342 253
+389 078 441 392
Работно време:
Пон-Пет: 07:00-21:00
Сабота: 07:00-15:00 Недела: Неработен ден